Амбасадорот на Австрија во Гевгелија на одбележувањето на Денот на Европа

Од:

„Го славиме Денот на Европа по повод 9 мај 1950 година, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман дал предлог за создавање на организирана Европа, која ќе помогне во одржувањето на мирољубиви односи меѓу европските држави. Амбасадорите на Европската Унија овие денови се на различни места во вашата држава и ми причинува особена чест заедно со вас, граѓаните на Гевгелија, да го прославиме денешниот ден“, рече денеска на свеченото одбележување во центарот на Гевгелија по повод 9 мај амбасадор на Австрија во Република Македонија, д-р Томас Михаел Бајер.

Одбележувањата започнаа со отворање ЕУ Инфо-точка, која е сместена во просториите на постојниот Туристичко-информативен центар лоциран на централната градска улица „Маршал Тито“ во Гевгелија. Вакви ЕУ инфо-точки ќе бидат дел од замислената инфо-мрежа за Европската Унија, кои деновиве треба да бидат отворени и во општините Охрид, Дебар и Крива Паланка.

IMG_0467

Амбасадорот во своето обраќање потсети на успешната соработка на Европската Унија со Општина Гевгелија, особено за реализацијата на последниот проект за реновирање на стариот Народен театар со помош на програмата за социјално-економска кохезија, финансиски поддржана од Европската Унија.

„ЕУ ја поддржува оваа програма затоа што целта на проектот е намалување на регионалните ралики и стимулирање на социјалната економслка кохезија преку поддршка на инфраструктурниот развој на општините. Овој проект се поддржува и преку обуки на јавните службеници за поуспешно учество во спроведувањето и надгледувањето на инфраструктурните проекти“, нагласи Бајер.

Амбасадорот потсети на заложбите на Европската Унија за унапредување на мирот, демократијата и човековите права, поради што минатата 2012 година стана добитник на Нобеловата награда за мир.
Учениците од основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија во чест на денот поставија штандови на кои ги претставија карактеристиките на земјите-членки на ЕУ: Обединетото Кралство, Финска, Унгарија, Австрија и Бугарија.

Одбележувањата продолжија со културно-забавна програма на која настапија локални изведувачи: градскиот хор „Гортинија“, ансамблот на народни песни и танци „Бојмија“, КУД „Негорци“, како и локални пејачки имиња.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он