Амбасадорот Бејли промовираше проект за развој на Кокино

Од:

Амбасадорот на САД, Џес Бејли и директорката на Музејот на град Куманово, Анита Цветковска, денеска ја посетија мегалитската опсерваторија Кокино за да ги промовираат најновите инфраструктурни реновации на локалитетот финансирани од УСАИД и Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси и Локлната акциона група, Абер 2015.

Реновацијата вклучува нови патокази, информативни табли, заштитна ограда за камените тронови на локалитетот, мобилна апликација за аудио водење и нова официјална веб страна на Кокино (www.kokino.mk).

– Новата туристичка инфраструктура на Кокино ќе го направи полесно достапно за странски и домашки туристи кои ќе трошат пари во околните населени места. Македонија има голем потенцијал за развој на ваков вид на туризам кој е само делумно искористен, па затоа е важно да се работи на максимизирање на приливите од овој сектор на начин кој е економски, еколошки и културолошки одржлив, рече амбасадорот Бејли.

Овој проект се спроведува за одржлив развој на Кокино како туристичка дестинација, како и за негова конзервација. Опсерваторијата и светата планина Кокино се меѓу најстарите и најуникатните примери на културно наследство во Македонија, па затоа целта на проектот е локалитетот да стане лесно достапен за туристи и физички и на интернет, а притоа да се сочува неговиот автентичен изглед.

Кокино привлекува меѓу 10.000 и 30.000 посетители годишно, што укажува на неговиот голем потенцијал како туристичка дестинација.

Проектот го спроведува Музејот на град Куманово во соработка со Локалната акциона група (ЛАГ) Абер 2015.

Би можело да ве интересира

Мултимедијалниот фестивал „Кокино – Тврдина на Сонцето“ со тридневна програма

А1он

Пожарот кај Кокино ставен под контрола, жаришта има во месноста „Кокински дол“

Европски денови на културно наследство во Куманово со посета на Кокино и едукативни работилници

Ана Ололовска

Волонтери на Црвениот крст на летен камп во Кокино

Наум Локоски

Проект за научно афирмирање на Кокино одобрен од УНЕСКО за НУ Музеј Куманово

Ана Ололовска

Изложба за Кокино и промоција на поетски избор од македонски автори

Ана Ололовска