Амбасадорката Вера Јовановска Типко на проштална посета кај Дачиќ

Од:

На проштална средба денеска во Белград, Ивица Дачиќ ја прими македонската амбасадорка Вера Јовановска Типко. Тој изразил благодарност до амбасадорката Јовановски Типко за успешната и блиска соработка за време на нејзиниот мандат во Белград.

Дачиќ истакнувајќи ги бројните посети на официјалните лица на двете држави во изминатиот период, посебно укажал на важноста од јакнењето на искрениот и интензивниот политички дијалог меѓу двете земји.

Во разговорот на средбата е изразено меѓусебното очекување дека претстојната трета заедничка седница на владите на Република Србија и Република Македонија, која треба да се одржи во првиот квартал годинава во Белград, дополнително ќе придонесе кон продлабочување на многу добрите билатерални односи и на соработката помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Ѕверски ја уби мајка си (69), па повика полиција

А1он

Во филмска акција во Нови Сад уапсен познат криминалец – десетпати и „побегна на смртта“

А1он

Силен земјотрес на југот на Србија

Зголемениот број Руси со српско државјанство претставува безбедносен ризик за ЕУ, предупредува Европската комисија

Катерина Ѓуровски

Захарова: Србија е вовлечена во конфронтација со Русија

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита