Амбасадорите на земјите од ЕУ вечерва ќе разговараат за датум за преговори со Македонија

Од:

Амбасадорите на земјите-члени на Европската унија вечерва во 21 часот Брисел во рамки на КОРЕПЕР 2 групата ќе разговараат околу заклучоците пред декемврискиот Самит на Европскиот Совет, меѓу кои и за одредувањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, како што сега стојат работите, можно е амбасадорите да не донесат заклучок и одлуката околу точката за проширување и Македонија да се носи на два дена пред одржувањето на Самитот во рамки на Советот за општи работи (ГАК), на кој заседаваат министрите за надворешни работи на земјите-членки.

Никос Христодулидис, портпарол на Кипарското претседателство со Унијата, потврди дека дипломатите од амбасадите на земјите-членки на ЕУ во Брисел разговарале за точката проширување и за препораката на Европската комисија за почеток на пристапни преговори со Македонија во рамки на групата КВОЕБ, но дека конечната рамка, односно заклучок најверојатно ќе биде оставена за состанокот на ГАК, каде ќе ја донесат конечната одлука.

– Наодите од извештајот на ЕК за поранешната југословенска Република Македонија веќе се дискутираа на работната група на советот – КОВЕБ, која ги опфаќа земјите од Западен Балкан со кои се уште не се отворени пристапни преговори, заедно со другите делови од пакетот за проширување. Врз основа на овие дискусии, како и на дискусиите кои КОВЕБ ќе ги има на драфт-заклучоците подготвени од Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС), Советот за општи прашања на 10 декември ќе има за цел да ги договори заклучоците за проширување и за Процесот за стабилизација и асоцијација, потврди портпаролот Христодулидис.

Според гласноговорникот на Кипарското претседателство, во моментов е премногу рано да се коментира за тоа што ќе бидат конечните заклучоци на вечерашнито КОРЕПЕР 2 и состанокoт на Советот за општи работи на 10-ти декември, во рамки на заклучоците за Самитот на Европскиoт совет кој ќе се одржи на 13 и 14 декември во Брисел. Заклучоците, според него, треба да бидат договорени едногласно од сите земји-членки на ЕУ, посебно за Македонија, а во случајот и со останатите земји од Западен Балкан.

– Не можеме да ја прејудицираме одлуката и позициите на земјите-членки, додаде Христодулидис.

Ако прашањето за Македонија се пренесува на највисоко ниво и доколку вечерва амбасадорите, а подоцна ниту министрите на земјите-членки не успеат да се договорат да ја прифатат препораката на ЕК за отворање на пристапните преговори со нашата земја, тогаш е можно како во 2005 година, кога Македoнија стана земја-кандидат, токму на Самитот на Советот да одлучуваат премиерите и претседателите на државите. Според прогнозите на европските политички аналитичари, колку повисоко се крева прашањето, толку е подобро за Македонија, бидејќи тоа значи дека има простор за договор да и се додели почеток на пристапните преговори, посебно што како седумгодишен кандидат и четири едноподруго позитивни препораки од Комисијата, земјата тоа го заслужува.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат