Амбасадорите и генералните конзули ќе земаат плата намалена за 20 отсто за април и мај

Од:

На вонредните и ополномоштени амбасадори и генералните конзули според Уредбата со законска сила, за месеците април и мај 2020 година ќе им се исплатува плата намалена за 20 проценти од платата исплатена во претходниот месец, гласи одлуката донесена на денешната седница на Владата.

„На седницата беше разгледана усвоена Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, чии одредби се однесуваат и на вонредните и ополномоштени амбасадори и генералните конзули на Република Северна Македонија, кои остваруваат право на плата согласно Законот за надворешни работи“, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Сиљановска-Давкова: Надворешното претставување да биде во рацете на професионални дипломати

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Протест на слепите лица, лица со попреченост и нивните лични асистенти, си ги бараат заостанатите плати