Амбасадори во посета на општини од североисточниот плански регион

Од:

Амбасадори и сопруги на амбасадори во Македонија, денеска се во посета на историските и културните одбележја во општините од североистокот.

Претпладнево, во општина Куманово, претседателот на североисточниот плански регион и градоначалник на општина Куманово, Зоран Дамјановски оствари средба со Сибиле Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија, со Луиза Винтон постојан координатор на Обединетите Нации и претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и сопругата на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Маја Жбогар.

Посетата се реализира со цел промоција на Македонија кај претставниците на меѓународната заедница, како дел од програмата на „Macedonia Welcome Center”. Амбасадорите и сопругите, денеска ќе ги посетатат кумановската џамија во центарот на градот, манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, Меморијалниот центар АСНОМ и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Дамјановски истакна дека по прв пат во Куманово е амбасадорот на Швајцарија и истакна дека Шавјацарија е еден од големите поддржувачи на локалната самоуправии на регионите. Потсети дека Швајацарија е еден од најголемите донатори во Куманово, особено во однос на МЕАП проектот, така што дел од денешната посета е и пречистителната станица, која беше изградена со поддршка на Швајцарија.

– Пред се, ќе се запознаат со спецификите на регионот и она што е многу актуелно за рамомерна распределба на проектите во однос на рамомерниот регионален развој, рече Дамјановски.

Амбасадорката Тејада истакна дека е многу важно да се увидат влијанието и резултатите од претходната соработка на Амбасадата и на општината. Таа додаде дека Амбасадата веќе 15-20 година соработува со општините, вклучително и Куманово и потсети дека и претходно преку проекти го поддржувале и Куманово и регионот, во делот на развојната програма, особено во делот на третманот на отпадни води, кој што денеска ќе го посетат.

– Особено важно беше што ги слушнав видувањата на градоначалникот за локалниот и регионалниот развој, затоа што Швајцарија силно ја поддржува децентрализацијата, рече Сутер Тејада и нагласи дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на процесот на децентрализација.

Постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП Винтон, истакна дека УНДП се присутни во општината и регионот преку различни проекти со години наназад во различни области.

– И општината и регионот беа одлични партнери во сите напори, изјави Винтон.

Додаде дека со Амбасадата на Швајцарија делат заеднички интереси околу проектите за развој и се залагаат за рамномерен регионален развој.

Емилија Миладинова Аврамчева од “Macedonia Welcome Center”, истакна дека овие прошетки и запознавање на културно-историските споменици се значајни, бидејќи претставниците на меѓународната заедница се директен „линк“ со нивните матични земји. Таа додаде дека колку повеќе ја запознаваат нашата земја, толку повеќе ги пренесуваат искуствата во нивните домицилни земји.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски