Алтхаузер и Адеми: Кризата трае предолго и треба да се реши

Од:

Меѓународната заедница по изборите очекува да се формира влада која ќе се посвети на реформите во процесот на пристапување во ЕУ. Приоритет во евроинтеграциите се реформите, а за нивно спроведување потребна е функционална влада, истакна германската амбасадорка Кристине Алхаузер која денеска се обрати на Меѓународната конференција „Добри практики за обука во земјите членки на ЕУ“ што се одржа во Секретаријатот за европски прашања.

– Кризата во Македонија трае долго и е длабока. Поминаа четири месеци од изборите, па сите и меѓународната заедница очекуваат да се формира влада, но прво треба да се избере спикер во Собранието. Приоритет во процесот на пристапување кон ЕУ се реформите кои треба интензивно да се спроведуваат, а за тоа е потребна функционална влада. Тоа е она што го чекаме, порача амбасадорката Алхаузер на новинарско прашање.

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбер Адеми се согласи дека политичката криза трае повеќе од две години што е премногу долго, а сега прерасна и во институционална криза.

Според него, целата оваа ситуација влијае врз динамиката на спроведувањето на реформите од ЕУ агендата.

– Очекуваме да се најде решение за кризата, бидејќи проектите и реформите мора да се реализираат. Политичката криза мора да се реши, а институциите да профункционираат оти нема друга алтернатива, истакна Адеми.

Меѓународната конференција „Добри практики за обука во земјите членки на ЕУ“ беше организирана во рамки на твининг проектот „Понатамошна поддршка за зајакнување на капацитетите за ЕУ на Центарот за обуки на СЕП“. Проектот се спроведува од Германското сојузно министерство за економија и енергетика, Центарот за обука при СЕП и Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии. Вредноста на проектот е 250 илјади евра, а трае девет месеци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски