Алкохолизирано лице на 27 април влегло во Собранието да види каде му одат парите

Од:

Во еден момент забележав како човек разговараше со обвинетата Елена на висок тон, и велеше дека мора да го пушти во канцеларијата да влезе. Елена се обиде да го сопре, но беше избуткана. Човекот влезе во канцеларијата и ми кажа дека е тука за да види каде одат неговите пари. Му дозволив. Тоа го сторив бидејќи човекот беше во алкохолизирана состојба и видовме дека нема поента да се расправаме со него кога е веќе внатре, сведочи Светлана Наумовска вработена во кабинетот на претседателот на Собранието, сведок предложен од обвинетата Елена Доцевска Божиновска.

Собраниската службеничка истакна дека и други лица сакале да влезат во канцеларијата, но откако им укажале дека таму нема ништо важно и дека тоа е само канцеларија на службеници, лицата се тргнале од пред канцеларијата.

– Им укажавме дека не смеат да влезат во канцеларијата. Луѓето беа по смирени, сакаа да разговараат. Имаше луѓе што снимаа, тогаш решив да влезам внатре за да не ме види некој од дома на лајв стрим и да се вознемири, вели Наумовска.

Сведокот вели дека откако медиумите објавиле дека Талат Џафери е нов претседател на Собранието, од прозорот кој гледа накај паркот „Жена борец“ забележале како толпата ја прескокнува заштитната ограда и во тој момент шефот на обезбедувањето на Вељаноски, обвинетиот Горан Ѓошевски заедно со обвинетата Елена Доцевска Божиновска излегле од канцеларијата со цел да видат што се случува.

– Началникот Ѓошевски во тој момент излезе од секретарската канцеларија каде што бевме сите. По него тргна Иван Цветановски и Елена Доцевска Божиновски како хиерархиски највисоко поставена. Оттука нејзината одговорност и грижа за вработените кои бевме на работа тој ден, а сме со пониско звање од неа. По кратко време сите се вратија назад, сведочи Наумовска.

Сведокот истакна дека во ниту еден момент обвинетата Елена Доцевска Божиновска не ја наведувала толпата да каде да се движи во Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески