Алиу: Уште не сме разговарале дали ќе бидам министер за здравство

Од:

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и член на Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „Влен“, Азир Алиу денеска изјави дека се уште не е разговарано во партијата дали тој ќе биде новиот министер за здравство откако ова место остана празно по оставката на досегашниот министер за здравство Арбен Таравари.

– Се уште не сме разговарале на таа тема. Веројатно деновиве, бидејќи во овој период бевме многу активни. Секогаш крајниот збор го има граѓанинот и ние бевме на терен за да ги консултираме за хаосот што се случува во нашата партија, рече Алиу.

Дел од медиумите изминатите денови го споменуваат неговото име како можен кандидат за министер за здравство откако Арбен Таравари ја напушти владината коалиција по одлуката на Претседателството на Алијанса за Албанците да оди во опозиција и со сопствени листи за советници на претстојните локални избори.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Алиу: Ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести, ќе има тригодишна набавка

А1он

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти