Алиу: Примарната цел на законот за пушење не е да казнува, туку да превенира

Од:

„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Предвидени се законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна поддршка во процесот на откажување од оваа зависност.

„Зависноста од никотин претставува медицински и јавно здравствен проблем. Докажано е дека превенцијата е поефикасна и поевтина од лекувањето, така што примарната цел на овој закон не е да казнува, туку да ги превенира штетните последици од пушењето“, додава Алиу.

Воедно, во рамки на законските одредби јасно се утврдени надлежните инспекции, санкциите за непочитување, како и улогата на локалните власти во спроведувањето на законот.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Алиу: Ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести, ќе има тригодишна набавка

А1он

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти