Алиу: Нашата коалиција е сигурна и посилна – по десет години има нов амбиент во државата

Од:

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека по десет години Македонија конечно има нов политички амбиент и дека резултатите од локалните избори потврдиле дека граѓаните сакале промена.

– После десет години имаме нов амбиент во државата. Нашата коалиција не беше задкулисна, како што беа досега. Едно збореа, друго работеа. Ние докажавме дека сме различни – изјави Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за кардиологија.

Тој додаде дека коалицијата ВРЕДИ е стабилна и посилна од кога било, бидејќи, како што рече, покажала дека договорените политики навистина се спроведуваат на терен.

– Докажавме дека и на централно и на локално ниво знаеме да ги имплементираме политиките така како што се договараме. Резултатите тоа го потврдуваат. После овие избори, нашата коалиција е сигурна и посилна – порача министерот.

Според Алиу, граѓаните уште пред десет години посакувале промени, но тоа било оневозможено поради, како што рече, политичките притисоци и влијанието на администрацијата под контрола на ДУИ.

– ДУИ десет години опстојуваше без вистинска желба на граѓаните за такво владеење. Сега, кога за првпат настапија на избори како опозиција, се покажа дека сите општини во државата се менаџираат од стручњаци од ВРЕДИ – изјави Алиу.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Алиу: Ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести, ќе има тригодишна набавка

А1он

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци

Алиу: Примарната цел на законот за пушење не е да казнува, туку да превенира

А1он

Алиу: Новиот закон го уредува пушењето на отворени места каде се движат многу граѓани