Алијанса за Албанците во преговори со Беса и Алтернатива предизборна коалиција

Од:

Можни коалции и преговори се водат меѓу Алијанса за Албанците со Движењето Беса и Алтернатива, истакна портпарлот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети по денешната партиска прес-конфренција. Одговорајќи на новинарско прашање вели дека и самите се уверени во победа, но, сакаат поуверлив исход на изборите.

-Ние како Алијанса за Албанците сме заинтересирани за предизборната коалциија со политичката партија Беса и Алтернатива. Ние сме подготвени со нашите капацитети како Алијанса за Албанците меѓутоа сакаме победата да биде уште посилна, така што сме отворени и подготвени да имаме соработка со Алтернатива и со Беса. Разговараме со двете партии има желба и се надеваме дека заеднички ќе успееме за една предизборна колиација која дефинитивно ќе ја победи ДУИ и ќе го има легитимитетот на гласачите Албанци, рече Беџети.

Предизборно со македонскиот политички блок, рече тој, нема разговори.

-Сега за сега нема такви преговори. Ќе зависи тоа после избори за тоа ќе одлучат граѓаните кој со кого ќе коалицира. Усогласувањето на политичките програми тоа ќе се види после 12 април и ќе се види со кого ќе се коалицира, истакна партискиот портпарол.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции