Алијанса за Албанците: Режимот СДСМ-ДУИ го ослободи кумот на криминалот и корупцијата, Сашо Мијалков

Од:

Судството контролирано од режимот СДСМ-ДУИ успеа да триумфира против правдата и граѓаните, велат од Алијанса за Албанците.

„Сашо Мијалков, главниот партнер на овој режим, со одлука од Апелациониот суд конечно е пуштен на слобода.

Овој ден ќе се памети како најцрниот ден на правдата во земјата. Денес, криминалот, корупцијата и режимот се соединија за да го спасат од правдата нивниот кум, додека стотици граѓани се држат безправно по затворите. Денес, министерот и заменик министерот за неправда, Бојан Маричиќ и Агим Нухиу под итно треба да ги напуштат нивните позиции и да му се придружат на нивниот пропаднат шеф, Зоран Заев.

Ги уверуваме соучесниците во криминалот и челниците на овој режим дека многу брзо ќе дојде денот и ќе одговараат за секој криминал и неправда кон државата и нејзините граѓани“, велат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска