Алијанса за Албанците: Надлежните да преземат конкретни мерки во затворите

Од:

„Одделот за правда при Алијансата за Албанците изразува загриженост за една категорија на луѓе, граѓани на РСМ како сите нас.

Бидејќи нашата држава е во вонредна состојба и се бори против коронавирусот, скоро ги заборавивме затворениците.

Друго место каде што би можело да има смртоносен излив не значи дека мора да биде еден крстаречки брод, една конференција ниту пак едно училиште, тоа може да се случи во кој било од затворите во земјата“, велат од Алијанса за Албанците.

„Во затвор многу луѓе може да бидат сместени во една ќелија. Затворските сали за собир се тесни (затоа што на овој начин се олеснува контролирањето на затворениците). Нема простор за физичко растојание или пак простор за почитување на другите препораки за спречување на ширењето на вирусот.

Една инфекција во еден затвор може да го оптовари здравствениот систем, бидејќи стотици луѓе можеби имаат потреба од медицинска нега што самите затвори не можат да ја обезбедат.

Не смееме да заборавиме дека затворениците се луѓе, родители, и имаат семејство и тие имаат права и заслужуваат еднаков третман во овој период на пандемија.

Ваквата појава не само што може да зарази стотици луѓе во затворот, туку потенцијално би можело да го шири вирусот и до казнено-поправниот персонал.

Затоа, ние како Алијанса за Албанците ги повикуваме надлежните органи и тела да преземат конкретни мерки во затворите:

– привремено да се ослободат затворениците
-контрола и тестирање на сите затвореници
– Подобрување и одржување на соодветна хигиена на затворениците и вработените во затворите
– откажување на сите активности, програми и посети, заменувајќи ги со видео разговори и телефонски разговори секогаш кога е можно.

За навремено спречење на вирусот, ја повикуваме владата да преземе конкретни мерки во однос на ова прашање што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми Еразмус+ во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Алијанса за Албанците: Средбата Мицкоски-Филипче е манифестација на проектот „Македонија повторно твоја“

АА: Бараме итна оставка или разрешување на Фатмир Лимани