Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Од:

Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Националноослободителната армија се скандалозни и претставуваат отворена провокација кон националните чувства на Албанците воопшто, велат од Алијанса за Албанците.

„Откако досега поништи многу права и достигнувања, Мицкоски сега се обидува да негира и забрани еден славен дел од нашата историја. Очекувавме и предупредувавме на опасноста оваа антиалбанска Влада да стигне до оваа точка и сите наши постапки беа токму во духот на навремено спречување на еден ваков момент.

Но, она што нè загрижува уште повеќе е молчењето на Албанците во Владата кои очигледно сакаат да го поминат ова со релативизации, па можеби дури и со напади врз Албанците како што правеа досега.

Изјавите на премиерот Мицкоски се подеднакво навредливи за Албанците колку што се опасни за стабилноста на земјата, меѓуетничката кохезија, тензијата во односите меѓу заедниците и европската иднина на земјата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина