Алијанса за Албанците: Да се отворат кафулињата и полицискиот час да се скрати од 23 до 5 часот

Од:

Од Алијансата за Албанците тврдат дека со оглед на тоа што бројот на излечени од Ковид-19 се зголемува, а паѓа бројот на новозаразени, земјава треба да влезе во втората фаза на олеснување на рестриктивните мерки.

Од Алијансата предлагаат скратување на полицискиот час од 23:00 до 05:00 часот, а почитувајќи ги заштитните мерки (дистанца, маски, ракавици) да се почне со отворање на бизнисите како што се рестораните, кафулињата и сличните бизниси кои се затворени поради коронавирусот.

„Иако туризмот во земјата не е на ниво што треба да биде, сепак е неспорно дека овој сектор, како и хотелите и транспортот, придонесуваат на економијата на земјата, кои се најпогодени сектори од здравствено-економската криза. За 72.743 вработени во овој сектор да можат да ја обезбедат нивната егзистенција, барем она што може да го направи владата за најпогодените сектори е да понудат 100% субвенција на придонеси за плати на работниците на ниво на минимална плата за што од државната каса треба да бидат издвоени 15,6 милиони евра. Нема подобра причина за трошењето пари од државната каса од тоа да им се помогне на тие кои се најпогодени од пандемската криза“, велат од Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции