Алијанса за Албанците бара Спасовски да поднесе оставка поради случајот Онишченко

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да си поднесе оставка, а Владата итно да ја отповика одлуката за доделување државјанство на Александар Онишченко бара Алијанса за Албанците.

– Ова е голем скандал со меѓународни последици, директно поткопувајќи го режимот на санкции на САД и надворешната политика на ЕУ. Оваа одлука, исто така, му штети на нашиот пат кон членство во ЕУ, бидејќи пораката е дека Северна Македонија се користи од криминалци барани од други земји за да се заобиколат напорите на нашите сојузници да ги изолираат олигарсите на Путин во услови на руска агресија врз Украина. Освен тоа, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на ЕУ не значи ништо доколку Владата донесе такви одлуки кои директно ги поткопуваат санкциите на нашите сојузници рече на прес конференција во Собранието Халил Снопче.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани