Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Од:

Собранието на Алијанса за Албанците, чиј лидер е Арбен Таравари, денеска донесе резолуција со осум точки која ја прифатија сите присутни членови на седницата што се одржува во Гостивар. Во овој документ се наведува дека е дојдено времето за правда и дека веднаш се потребни дејствување и промени.

Директен повод за ова резолуција е трагедијата во Кочани и во неа се истакнува неопходноста од институционална одговорност. Таа да послужи како пресвртница за градење на нова култура на одговорност, безбедност и владеење на правото во државата. Времето за правда, дејствување и промени е сега, стои во резолуцијата.

– Потребно е целосна, независна и транспарентна истрага за трагедијата во Кочани, под раководство на надлежните институции, ослободени од какво било политичко влијание, со обврска редовно и јавно да ги информираат граѓаните за напредокот и наодите од истрагата, се наведува во документот.

Собранието на АА бара повторно отворање на истрагите за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово, кои заедно однесоа животи на 135 граѓани и за кои сè уште не е утврдена институционална или индивидуална одговорност.

Освен ова, како точка во документот се бара и дефинирање на одговорноста како индивидуална, така и институционална и адресирање на небрежноста, неспособноста и коруптивните практики.

Највисокиот орган на партијата бара детална проверка на имотот и интересите на сите одговорни функционери и инспектори, за да се открие каков било конфликт на интереси или евентуални коруптивни врски со субјектите кои се испитуваат.

Од партијата, чиј лидер е Таравари се препорачува вонреден надзор во сите високоризични објекти, особено во секторите угостителство, здравство, образование, спорт, транспорт и градежништво.

– Потребна е итна реформа на казнената политика која гарантира правични, строги и применливи казни за сите оние кои со своите постапки или непостапување придонесуваат за појава на вакви трагедии, стои во резолуцијата на АА.

Собранието на Алијанса за Албанците на денешната седница во Гостивар преку резолуцијата се нагласува дека трагедијата во Кочани не треба да се сведе на болна статистика.

Би можело да ве интересира

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Муртезани: Очекувам да продолжи трендот на заминување од редовите на Алијанса на Албанците