Алфите во септември привеле 322 лица

Од:

Припадниците на единицата за борба против криминалот “Алфа“ во текот на септември, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 642 лица, преглед на 86 возила, а по разни основи привеле вкупно 322 лица.

По основ на телеграма приведени се 39 лица, по основ на Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 24 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 36, по извршено кривично дело исто така – 36 лица,  на лице место во вршење на кривично дело – пет лица, за издржување на казна затвор –18 лица, за утврдување на идентитет – петмина, и за недозволени предмети – три лица.

Приведени се 5 лица за учество во тепачка,8 за физички напад и едно лице за омаловажување на полициски службеник.

Исто така Алфите привеле и 1 лице кое поседувало пиштол без дозвола, 3 лица со гасен пиштол и едно лице со автоматска пушка.

Приведени се и 76 лица за поседување дрога, од кои 64 лица за поседување марихуана,4 за поседување на прашкаста материја,3 лица за поседување непознати течности и 5 лица за поседување таблети.

Алфите привеле и неколку лица поради прекршоци во сообраќајот. 35 лица се приведени по телеграма, едно лице поради непоседување соодветна документација, едно лице за сообраќаен прекршок и едно лице за поседување недозволени предмети во автомобилот.

Исто така, припадниците на специјалната единица за борба против криминалот извршиле три асистенции при вршење претрес на дом и други простории  каде се пронајдени: огнено оружје и разна растителна материја.

Алфите укажале помош на повредено лице,извршиле спровод на две лица во затвор,предале 12 лица на сообраќајната патрола и предале малолетно лице на родител поизречена мерка од суд.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР