„Алфите“ во мај привеле 145 лица

Од:

Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа во текот на минатиот месец извршиле легитимирање на 451 лице, преглед на 12 лица и на 72 патнички моторни возила, а по разни основи привеле 145 лица.

По основ на телеграма приведени се 32 лица, по потрага, гласник или наредба од Основен суд 8 лица, под сомнение за извршено кривично дело 18 лица, по извршено кривично дело 11, на лице место во вршење кривично дело биле приведени 2 лица, за издржување казна затворедно лице, за утврдување идентитет – три лица и за недозволени предмети приведено е едно лице;

Вкупно приведени лица за нарушување на јавен ред и мир се 23 лица, за учество во тепачка 13 лица, за физички напад 2 лица, за карање или викање 4 лица, за останати прекршоци лица 4 лица, за напад на службено лице исто така 4 лица.

Единицата „Алфа“ во мај привела вкупно осум лица со оружје, а за поседување опојни дроги 12 лица. Со патничко моторно возило се приведени 29 лица, а со товарно моторно возило едно лице.

Во тек на минатиот месец припадниците на единицата „Алфа“ предале 10 лица поради нарушен ЈРМ,18 лица за сторен сообраќаен прекршок, 232 странци со нерегулиран престој, ….

Извршени се 26 обезбедувања на лице место, две обезбедувања на протести и митинзи, 15 обезбедувања на лица, изготвени две оперативни информации, дадени осум асистенции при вршење претрес на дом и други простории и една асистенција дадена на други надлежни институции, дадена асистенција за транспорт на душевно болно лице и обезбедување товарни возови во кои се пронајдени мигранти, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он