Алфа ТВ: Не се бркаат неподобни новинари

Од:

По објавениот список во кој се евалуираше работата на вработените во телевизјата, менаџментот на Алфа излезе со соопштение во кое наведува дека не брка неподобни новинари од работа и дека написите во одредени портали и телевизии биле само за да се зголеми нечитаноста, нерелевантноста и негледаноста и според нив информацијата која била пласирана била неточна и како што пишуваат во соопштението пуштена од исто место.

Соопштението на Алфа ТВ ви го пренесуваме во целост:

„Со оглед на континуираниот и голем интерес на одредени медиуми за процесот на отпочнување постапка за престанок на работниот однос поради деловни причини во Алфа ТВ, како и нивното тенденциозно и необјективно информирање окулу овој процес, Менаџментот на Алфа ТВ ја информира јавноста за следното:

Процесот на отпочнување постапка за престанок на работниот однос е започнат на 24.01.2014 год. Од првиот момент Менаџментот на Алфа ТВ постапката ја води транспарентно и сите одлуки, документи и постапки беа јавно презентирани на сите работници.

Законот експлицитно не наведува кои и колку критериуми да се земат во обзир при евалуацијата на вработените. Менаџментот, иако не беше обврзан, реши евалуацијата да ја врши врз 4 критериуми: 1. здравствена состојба, 2. стручна подготвка и квалификации, 3. успешност во работењето и 4. вид и значење на работното место и придонес во резултатите на работата и реализацијата на деловната политика на друштвото. Секој објективен може да утврди дека покрај директниот ангажман со успешноста и придонесот во работата на друштвото кои во секоја фирма се клучни при проценката на ангажманот на работниците, работодавачот ценел и други критериуми кои имаат влијание врз неговиот општ статус и позицијата на работникот во друштвото.

На евалуационата листа на Алфа ТВ се најдоа вкупно 108 вработени, од кои 31 од информативната редакција, 11 од контактно-забавната редакција, 4 од секторот маркетинг и 62 од техника и продукција на програма. Според Програмата за деловно работење и економски, технолошки, структурални и слични промени во Алфа ТВ, а врз основа на евалуационата листа, на спискот за технолошки вишок се најдоа 5 новинари, 2 новинари-репортери и по едно лице графички дизајнер, продуцент, организатор, маркетинг агент, реализатор на вести и синхронизација на најави, односно вкупно 13 вработени. Од листата на новинари, 2 се од информативната програма, 3 од забавно-контактната и 2 новинари-репортери од информативната програма.

Според тоа, информативната редакција на листата за технолошки вишок учествува со само 4 вработени.

Со оглед на горенаведеното, со жалење можеме да го констатираме следното:

Тврдењата на одредени медиуми дека преку процесот на технолошки вишок Алфа ТВ сака да се ослободи од “неподобните“ новинари кои биле водечки во информативната програма пред промената на сопственичката структура се апсолутно неточни и претставуваа груба манипулација на јавноста и неуспешен обид за дискредитација на Алфа ТВ. Од 31 вработен во информативната редакција, дури 20 се од периодот пред промената на сопственичката структура, а 11 се вработени по Јануари 2014 год. На листата на технолошки вишок има само 3 (2 новинари и 1 новинар-репортер) од вработените со подолг стаж и 1 новинар-репортер од вработените во Јануари 2014. Како тоа Алфа се обидува да се ослободи од “неподобни“ новинари од периодот пред промената на сопственичката структура кога дури 17 новинари од нив остануваат на работа, а само 3 се на листата на технолошки?

Ова се фактите од процесот за престанок на работен однос поради деловни причини во Алфа ТВ и тие се непобитни. Фактите велат дека и бројот, и имињата, и контекстот во кој се става процесот на технолошки вишок во Алфа ТВ од страна одредени телевизии и портали не се точни!

Со жалење констатираме дека одредени медиуми кои изнесоа исти неточни информации, очигледно пласирани од исто место, без никакво чувство за објективно информирање на јавноста, а со цел преку сензационалност да ја зголемат својата нечитаност, негледаност и нерелевантност, упорно настојуваат еден процес кој што од секој аспект воопшто не е лесен за сите вработени во Алфа ТВ, да го стават во политички контекст за да остварат свои валкани и деструктивни цели“, стои во соопштението на Алфа ТВ.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on