Алфа телевизија ја купија Срби?

Од:

Алфа телевизија е купена од српската фирма ЦХС Инвест Груп за 2, 5 милиони евра. Ова го пишува Балкан инсајт и наведува дека се проверени и документите од македонскиот Централен регистар, кои покажуваат дека ТВ станицата има нов сопственик.

Парите биле уплатени на Фершпеда за 56 насто од акциите во телевизијата.

Веста за продажбата не е споделена со вработените на телевизијата ниту пак е информирана јавноста досега.

“Компанијата одлучи да не се откриваат детали за продажбата на Алфа ТВ сеуште”, изјави за Балкан инсајт, Мелпомени Корнети, менаџер на Алфа Скоп, во чија сопственост е Алфа ТВ.

Српската фирма со адреса наведена како Савски Насип во Белград, е во целосна сопственост на КомТрејд Холдинг, оф-шор компанија со седиште во Холандски Антили.

Шеф на ЦХС Инвест груп е новинарката од Белград, Симонида Казиќ. Таа беше дел од тимот на Пинк ТВ, сопственост на српскиот бизнисмен Жељко Митровиќ кој се очекуваше да се купи Алфа ТВ пред две години.

Вработените во Алфа ТВ неофицијално изјавиле дека новите сопственици ќе ја преземат телевизијата кон крајот на месецов.

Неодамна, друга српска компанија, Интернет груп, исто така поврзано со ComTrade, купи половина од медиумската компанија, МПМ, од германскиот ВАЦ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми