Ален Зекиров осуден на шест месеци затвор

Од:

Полицаецот Ален Зекиров, поранешниот телохранител на директорот на УБК, Сашо Мијалков, доби шест месеци казна затвор за сообраќајната несреќа што се случи во 2009 година, во која загина 73-годишниот Симо Серафимовски.

Сообраќајката се случи во Скопје на „Партизанска“, кога Зекиров на мотор удри во скопјанецот Серафимовски, додека на пешачки премин го туркал својот велосипед. Зекиров треба да плати и судски трошоци во вредност од околу 100.000 денари.

На објавувањето на пресудата не присуствуваше обвинетиот Зекиров, ниту пак семејството на починатиот Серафимовски. Ален Зекиров е обвинет за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Судскиот процес траеше речиси шетс години, бидејќи голем број од рочиштата се одложуваа поради неприсуството на обвинетиот, но и поради изработката на вештачењето.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец