Алексовски: Проблем е невработеноста, ама тоа е поради Црвенковски

Од:

Арсенчо Алексовски кандидатот за градоначалник на Крива Паланка на коалицијата „За подобра Македонија“ рече дека програмата ја реализирал 80 проценти и побара нов мандат нудејќи 115 нови проекти.

Зад нас се реализирани дела, а не само зборови, рече Алексовски и посочи дека во изминатите 19 години сите градоначалници ветуваа дека ќе изградат спортска сала, но таа била направена во неговиот мандат.

Во претходниот период направив изведбен проект за гасификација, сега зборуваат дека тие ќе гасифицирале, зарем врз основа на мојата програма? Со ова се гледа дека ја крадат мојата програма, рече Алексовски.

Тој кажа дека вработувањето е најболна точка во Крива Паланка која се должела на транзицијата на Бранко Црвенковски, но ќе го насочел вниманието кон индутриската зона кај Ранковци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија