Алексовски официјално ја презеде функцијата градоначалник на Крива Паланка

Од:

Претседателот на Општинската изборна комисија на Крива Паланка, Ристовски денеска му го врачи уверението за избор на градоначалник на општина Крива Паланка на Арсенчо Алексовски.

Директорот, пак, на Градскиот музеј на Крива Паланка по вообичаена традиција му го додели преодниот клуч на градот Егри Дере, кој во својот кабинет ќе го чува со поттик градот да го чува и развива на сите полиња.

Градоначалникот Арсенчо Алексовски се заблагодари на кривопаланечките граѓани што му го доверија вториот мандат и нагласи дека овие избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера.
Тој вети дека како и во изминатите четири години и во наредниот период ќе настојува ветената изборна програма да ја реализира со дадените рокови без нивно одлагање. Изрази надеж дека во овие проектни активности ќе му помогне и централната власт, како и средствата од ИПА програмата за прекугранична помош на фондовите од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември