Александра Кардула Доневски демантира дека е кандидат од СДУ

Од:

Александра Кардула Доневски ја демантира информацијата за нејзината кандидатура,  пристигната од страна на СДСМ Крушево. Таа вели:

Со неверување и згрозување го читам текстот во кој СДСМ Крушево т.е. неколкумина од таму, остро го напаѓаат мојот досегашен политички ангажман и сакам да Ви ја доставам ВИСТИНАТА.

Од 1996 година на мои 16 години станав активист младинец во СДСМ Крушево а по моето полнолетство немав нивна партиска книшка и вистина е само дека до 2004 година бев симпатизер на СДСМ.

Не е ВИСТИНА дека сум имала било каков политички ангажман во ДА можете и сами да проверите бидејки во тој период имав сериозен ангажман во Сојузот на студенти кој ангажман не му одговараше на ОО СДСМ Крушево сметајки го како политички и оттогаш почнува хајката против мене.

Никогаш не ми била врачена никаква исписница а и да имаше со задоволство ќе ја примев.

Од 2004 до 2006 година делувам опозиционо на владата после 15 Септември бидејќи не гледав никакви корекции на претходните грешки во СДСМ особено заради политиката на целосно уништување на мојот град.

Во 2006 година учествував во формирањето на НСДП која откако брзински се врати кај СДСМ ја напуштив, а во 2009 година учествував на локалните избори како кандидат на ПОДЕМ кој откако се здружи со ВМРО – ДПМНЕ исто го напуштам.

СДСМ Крушво ја лаже јавноста и барам да Ви одговори како за време на минатите избори јас во вториот круг довербата им ја дадов на СДСМ и цели четири години бев опозиција заради можноста да се избере помалото зло. Тоа е фактот кој треба да ги засрами.

На овие избори се кандидирам свесна дека бојкотот на изборите на СДСМ ќе допринесе најмногу власта во Крушево да нема опозиција бидејки реално е голема и ја има и впрочем знаете и Вие самите дека СДСМ не може да биде единствена опозиција.

Овде се оградувам како левичар дека било кога во мојот живот ќе постои поврзаност на мојот лик и дело со партијата на ВМРО, а камо ли да ја исполнувам нивната агенда.

Ви се заблагодарувам и ви верувам!

Александра Кардула Доневски

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски