Александар Трајковски: Не сум функционер на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Александар Трајковски предводникот на верниците во општина Центар и читачот на говорот со маска на Бранко Црвенковски и Зоран Заев на пародијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, демантира дека бил функционер во општина Гази Баба и на ВМРО-ДПМНЕ.

parodijaUMS2013

„Во изминатиот период на неколку пати на Вашиот веб портал беа објавени лажни информации поврзани со моето име и презиме, но несакав да реагирам оставав јавноста сама да цени за Вашето “објективно” новинарство.

alekTrajkovski31

Објавувавте информации дека сум висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ па потоа и функционер во Општината Гази Баба.

alekTrajkovski4

Најостро ги демантирам и како лажни ги отфрлам наводите објавени во Вашата денешна статија со наслов “ УМС ВМРО-ДПМНЕ со пародија за 15. Септември” (http://a1on.mk/archives/205377) во кој имате напишано дека сум функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба. Ниту сум функционер на ВМРО-ДПМНЕ ниту сум функционер во Општина Гази Баба“, се вели во демантот на Александар Трајковски.

alekTrajkovski1

Воедно редакцијата длабоко му се извинува на Александар Трајковски што бевме во заблуда и стекнавме погрешен впечаток. Благодарни сме што правовремено не информираше за вистината. Се оградуваме и од новинарот кој погрешно ги сфатил информациите кои му биле на располагање. Редакцијата веќе и размислува како да го санкционира новинарот кој ја направи оваа невидена грешка.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите