Албанските медиуми за изборот на новата македонска влада

Од:

Албанските медиуми отстапија широк простор за изборот на новата влада на Република Северна Македонија, посебно посочувајќи ги приоритетите што ги соопшти премиерот Зоран Заев, како и бројот на министрите Албанци во новата извршна власт на земјата.

„Избрана влада на Северна Македонија-Заев ги соопшти приоритетите“, „Во новата влада на премиерот Заев шест министри Албанци“, се само дел од насловите на информациите кои ги пренесуваат без исклучок сите албански медиуми.

Под наслов „Парламентот на Северна Македонија ја изгласа новата Влада“, Топ чанел телевизија посебно го акцентира делот од говорот на Заев во кој тој вели дека „со наше заедничко ангажирање и работа ние ќе имаме држава и институции со кои ќе се гордееме сите“.

„Парламентот на Северна Македонија на со 62 гласа „за“ и 51 против на полноќ ја избра новата влада која ќе ја предводи Зоран Заевм лидер на СДСМ во коалиција со ДУИ. Старо новиот премиер ги посочи приоритетите на владата меѓу кои подигањето на стандрадот на граѓаните, соочувањето со пандемијата со Ковид-19, борбата против корупцијата, почнувањето преговори со ЕУ, реформите во судската администрација, но секако и добрите односи со соседите,преку спроведување на договорот со Грција и со Бугарија, наведува агенцијата Балкан веб.

Телевизијата Ора њуз посебно го подвлекува делот од обраќањето на премиерот Заев каде вели дека „Северна Македонија е консолидирана држава, без никаков внатрешен меѓуетнички спор, бидејќи се успеало да се изгради во држава која припаѓа на сите“.

– Ние ќе бидеме посветени на градењето демократска држава, справување со пандемијата, подигање на економијата, зголемувањето на пензиите и платите. Ние енергично ќе се бориме против криминалот и корупцијата. Ние сме посветени на зајакнување на владеењето на правото, да имаме независно судство и ефикасна администрација, рече Заев пренесува порталот Албеу.

Медиумите пренесуваат и делови од обраќањето на дел од пратениците од опозицијата, како и составот на владата, односно министрите и од која парија тие доаѓаат.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски