Албанскиот претседател Бајрам Бегај, на враќање од Софија, во Скопје се сретнал со политичките лидери на Албанците од позицијата и од опозицијата.
Првично Бегај се сретнал со лидерот на Демократското движење Изет Меџити, на Алтернатива, Африм Гаши и вицепремиерот Арбен Фетаи за потоа да се сретне со првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари и генералниот секретар Блерант Рамадани.
Бегај се сретнал и со лидерот на ДУИ Али Ахмети и Бујар Османи.
На средбите Бегај бил придружуван од албанскиот амбасадор во земјава, Денион Меидани.
-На враќање од Софија неизбежна средба со албанскиот политички фактор во Северна Македонија, посветени на европската интеграција и НАТО, напиша Бегај на Фејсбук.
Во фокусот на средбите била соработката меѓу двете земји и актуелните случувања во земјава и регионот.