Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава.

Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и добрите билатерални односи меѓу двете земји. Се согласија дека регионалното инфраструктурно поврзување е најдобар начин за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Меѓу клучните проекти во оваа област е Коридорот 8 кој треба да биде еден од приоритетите кои ќе овозможат полесна комуникација меѓу земјите во регионот.

Двајцата претседатели изразија надеж дека како соседи, двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство. Постои можност овие активности да бидат финансирани преку европски фондови, достапни со заеднички апликации на двете земји.

Сиљановска-Давкова и Бегај поплaднево разгледаа дел од древните охридски вредности коишто воодушевуваат со автентичноста и убавината, почнувајќи од Чинарот, продолжувајќи со Алипашината џамија, потоа споменикот на Св. Климент, куќата на Робевци, музејот на хартијата и црквата ,,Св. Софија” – секој од нив, траен симбол на духовноста, уметноста, традицијата и историјата.

Преку културниот дијалог се зацврстувааат мостовите на зближување, довербата, пријателството, меѓусебното разбирање и соработка.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Сиљановска Давкова: Дојде време економското партнерство со Индија да го достигне квалитетот на политичките односи

Претседателката Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Мирот и демократијата се темел на силна Европа и силно НАТО

Горан Наумовски