Албански државјанин во Кичево со „ленд ровер“ удрил во дрво

Од:

Автомобил „ленд ровер“ управуван од 24-годишен државјанин на Албанија, утрово во 4:50 часот во Кичево на булеварот „Ослободување“ излетал од патот и удрил во дрво.

Според информациите на полицијата, поради неприспособена брзина возачот изгубил контрола над возилото „ленд ровер“ и излетал од коловозот удирајќи директно во дрво.

Во возилото заедно со возачот Ф.Г. имало уште двајца сопатници.

Од силината на ударот, дрвото паднало и е предизвикана само материјална штета. Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

фото: МИА

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он