Албански државјанин починал по здобиени повреди при градежни активности во Центар Жупа

Од:

Албански државјанин при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки повреди и починал.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврди дека се работи за 41-годишен жител од Пешкопеја.

– Вчера во 16:20 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека, Т.Д.(41) од Пешкопеја-Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди и починал, изјави Димовски.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.

На подрачјето на оваа и соседните општини Дебар и Маврово и Ростуше, албански државјани од пограничните населени места се ангажирани како градежни работници, дрвосечачи, но и во сточарството.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени се двајца градежни работници кои завршиле на скопските клиники

Повредени тројца работници додека извршувале градежни работи, трудовите инспектори на терен

A1on

Во тетовска Шипковица животите ги загубија двајца градежни работници