Алаѓозовски: Криминалците од ВМРО-ДПМНЕ врска немаат со идеалите на ВМРО

Од:

Почитувани, се наоѓаме пред Триумфалната капија која е симбол на лажниот патриотизам на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Груевски реши македонската борба да ја слави преку преплатени чудовишни градби како оваа Порта во центарот на Скпје којашто однесе 6 милиони и 250 илјади евра! Или како Музејот на ВМРО со восочни фигури на контроверзни историски личности, за што непатриотски одзедоа 17 милиони евра народни пари, рече Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Наместо револуционерите заслужни за македонската држава, во Музеите на ВМРО ги натокмија Хитлер и нацистичкиот соработник Ванчо Михајлов.

Криминално трошење на Груевски и испревртената историја на ВМРО-ДПМНЕ немаат ништо заедничко со идеалите на Гоце Делчев и историското ВМРО. Напротив, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги осиромашија граѓаните и ги поделија по сите основи.

Граѓаните кои масовно протестираа на улиците јасно го кажаа мислењето за квазипатриотското владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и за грабежот Скопје 2014, преку белегот што го оставија токму на оваа Триумфална капија.

На 11 декември лажните патриоти кои го ограбуваат и го иселуваат народот од Македонија ќе бидат минато свршено време. Доаѓа одговорна власт која ќе ги продолжи идеалите на Гоце Делчев и борците од НОБ, ќе ги спаси граѓаните од сиромаштија, ќе донесе добар живот и слобода во Македонија и ќе ги врати вистинските историски вредности.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата