Актуелниот министер за економија не е осомничен зошто во негово време немало барање за лиценца од „Пулс“

Од:

За четворица од новите 19 осмоничени Обвинителстовто бара притвор, за седуммина куќен притвор и забрана за комуникација, а за уште седуммина за бараат мерки за претпазливост, еден од осмничените во моментот не е во земјава. Ова се се последните делати кои попладнево ги објави државниот обвинител Љупчо Коцевски на заедничка прес конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Обинителскиот тим сега број 13 члена во последниот период работел на повеќе линии на истрага на сите инстиуции и служебни лица кои со своите незаконити раоби и пропусти придоелен „Пулс“ да работи и да врши угостителска дејност без да исполнува ниту еден услов, рече Коцевски.

Од локачната власт на кочани, покрај тројцата градоначалници има можна одговорност и кај тројца градежни инспектори кои воопшто не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот кој бил пренаменет без никакви стандарди.

Покрај Крешник Бештеки кој претходни беше на листата на осомничени ,со проширената истрага, се опфатени уште тројца поранешни министри на економија кои во перидото кој го опфаќа истрагата на Обвинителството биле на функцијата. Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата зата што во време на неговиот мандат не била иницирана постапка за лиценца од сопственикот на клубот „Пулс“.

Од Дирекцијата за заштита и спасување се осмничени поранешните и актуелниот директор. Тие според Коцевски комплетно ги запоставиле своите надлежности. Низ годините не спровеле мерки на следење и инспекциси надзор на дискотеки и кабареа. Го нарушиле системот на заштите и спасување и ги изложиле граѓаните на опасност од непроверени објекти.

До овој момент осомничени се 43 физички и три правни лица.

Би можело да ве интересира

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство