Активности за подобрување на безбедноста на младите

Од:

Сe одржа првиот Општински Совет за превенција од детско престапништво, согласно Законот за правда на децата, составено од членови од различни владини и невладини институции.

На конститутивниот состанок присутните го искажаа своето задоволство од иницијативата на општината за формирање на тело кое ќе допринесе за подобра соработка меѓу институциите и невладиниот сектор, а во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваатдецата и младите на подрачјето на општина Гази Баба.

Во наредниот период ќе биде изработен Акционен план според кои ќе се прецизираат насоките, мерките и активностите кои ќе се реализираат во соработка на Советот на Гази Баба, полициската станица Гази Баба, основните училишта, месните и урбаните заедници.

Во периодот кој следи во н.м Стајковци ќе биде пуштена во употреба и канцеларијата за превенција која ќе им биде достапна на сите граѓани од општина Гази Баба, соопштуваат од Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”