Активности за подобар воспитно-образовен процес во двете неготински основни училишта

Од:

Двете основни училишта во општина Неготино интензивно се подготвуваат за почеток на новата учебна 2020/2021 година, и тоа со онлајн настава, но и настава со физичко присуство, информираше градоначалникот Тони Делков.

– Имено, покрај бројните мерки согласно протоколите за работа на основните училишта, во двете училишта се извршија бројни активности во насока на подобрување на целиот воспитно-образовен процес на учениците, соопшти Делков.

Појасни дека во централното училиште „Гоце Делчев“ е извршена замена на осветлувањето со нови ЛЕД-светилки, како и полирање и лакирање на подната површина во училишната спортска сала, а реконструирани се и тоалетите.

Во ПУ „Гоце Делчев “ – Тремник извршена е комплетна реконструкција на училишниот двор.

– Набавени се нови 70 клупи за централното училиште, а целосно е варосано подрачното училиште во село Тимјаник. За подобро реализирање на наставата, обезбедени се 15 десктоп и 22 лаптоп-компјутери, а подобрена е интернет-конекцијата со супербрз оптички интернет, нагласи Делков.

Информираше и дека во ПУ „ Страшо Пинџур“ во Пепелиште е инсталирано комплетно ново парно, а во завршна фаза е изградбата на дел од оградата во училишниот двор.

Обезбедени се нови 15 десктоп-компјутери, инсталирана е нова оптичка интернет-конекција, а набавена е и нова спортска опрема (нови кошеви) за реализирње на наставата по физичко воспитување.

– Извршена е дезинфекција на училишните клупи и столчиња, подови, прозорци, врати и ходници, со што училиштата ќе може да функционираат во согласност со протоколите усвоени од Комисијата за заразни болести и усогласени со Министерството за образование и наука, додаде градоначалникот на Неготино.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите