Активности на Дирекција за заштита и спасување во поплавените подрачја

Од:

Во попладневните и вечерните часови на 06-08-2016 подрачјето на град Скопје го зафати силно невреме проследено со грмотевици, пороен дожд и ветер.

До 23:00 часот наврнаа околу 63 литри воден талог на 1 m2 што предизвика поплавување на улици и објекти на целата територија на град Скопје.

Најкритични точки кои се регистрирани во почетокот се:

село Стајковци
населба Ченто
Инџиково
Обиколница – под подвозникот кај Арачиново заглавени 30 возила
Горно Лисиче
Дирекцијата за заштита и спасување со свои вработени и тимови за брз одговор е излезена на терен и се справува со настанатата состојба.

Во текот на ноќта:

тимови со пумпи на дирекцијата од ПО Куманово дејствуваат во регионот на населба Ченто каде се испумпува вода од зафатените куќи.
15 припадници на тимови со пумпи на дирекцијата од ПО Гостивар дејствуваат на подрачјето на населба Бутел каде се испумпува вода од зафатените куќи. Има поддршка од 3 теренски возила
тимот за спасување од ПО Велес со чамец и 5 вработени се грижеше за евакуација на зафатеното население во село Стајковци каде е евакуирана неподвижна старица со инвалидска количка, 10 деца и 10 возрасни лица.
Активиран е и тимот за спасување од ПО Центар со чамец и теренско возило
За жал Директорот и Заменик Директорот на Дирекцијата и вработените кои се наоѓаа на лице место од куќи во населба Ченто извлекоа две безживотни тела . Од овој регион се евакуирани 150 лица.
Настаната е голема материјална штета, а за жал со човечки жртви.

Во текот на 7-8-2016:

Во утринските часови одржан е координативен состанок со министерот Тодоров, градоначалникот Трајановски и Дирекција за заштита и спасување (7 лица – Директор, зам. Директор и вработени)
Поради настанатата состојба во населба Ченто и село Стајковци тимови од Дирекцијата заедно со припадници на Министерствата за Одбрана и Внатрешни работи вршат пребарување на теренот поради евентуално пронаоѓање на жртви. До 11:00 часот не се пронајдени нови жртви.
Во село Стајковци тим со 11 пумпи врши испумпување на вода од зафатени куќи.
Во населба Бутел тим од 15 луѓе и 13 пумпи работи на испумпување на вода
Дирекцијата за заштита и спасување преку своите вработени ја следи ситуацијата на терен и е подготвена да ангажира дополнителни сила ако за тоа има потреба. Целата опрема за заштита и спасување на Дирекцијата е ставена во состојба на подготвеност и е достапна за брза реакција.

Дирекција за заштита и спасување

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски