Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи до 16 часот на територијата на земјава има шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола. Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.
Како што информира ЦУК, пожарот над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај е активен на неколку правци на непристапен терен и се гасне со хеликоптер. Во Националниот парк „Јасен“ нема интервенција од хеликоптери и може да навлезе во паркот. Во гаснењето на пожарот учествуваат 20 припадници на Армијата, вработени во ШС „Јасен“ и НП Јасен, тројца поќчарникари со едно противпоѓарно возило и армиски хеликоптер. Според информациите на ЦУК од теренот, доцна попладнево на ова подрачје почнало д аврне дожд.
Активен е пожарот кај селата Дивље и Крушје во општина Петровец и се шири кон ливади со сува трева. Во гаснењето учествуваат 12 вработени од ШС „Караџица“ и 5 пожарникари со 2 противпожарни возила.
Во Прилепско активен е пожарот кај село Топлица од село Ракле кон село Крстец, но е е со слаб интензитет. Екипите се справуваат со гасење во нискиот дел од село Ракле. Според ЦУК, се работи за приземјен пожар каде гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, без пламени јазици, но поради ветерот можно е да префрли на Козјак, каде има само трева и камења. Опасност проширување на голем пожар до овој момент, не постои, посочуваат од Центарот. Во гаснењето учествуваат шест вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.
Активни се два пожари во Велешко и тоа кај Старо Градско и кај мотелот „Македонија“. И во двата пожари гори сува трева и во нивно гаснење интервенираат по тројца пожарникари со по едно противпожарно возило.
Пожар избувнал и на градската депонија во Виница, но опожареното место е под контрола. Интервенираат шест пожарникари со цистерни и двајца вработени од ЈП „Солидарност“ од Виница.
Два пожари има и на теритроијата на Општина Македонски Брод. Едниот е во атарот на селото Слатина, кој е локализиран, но има чадење во внатрешноста, каде интервенира екипа од ШС „Македноски Брод“. Вториот пожар кај село Девич, исто така, е локализиран, но и овде на терен е екипа од ШС „Македонски Брод“ со петмина вработени, како и тројца поѓарникари.
Пожарот кој започна кај местото викано Бeјаз Тепе во Општина Пехчево и потоа се префрли во реонот на село Будинарци во Општина Берово е локализиран. На теренот се присутни 49 припадници на МВР, осум вработени на ШС „Равна Река“со две теренски возила со цистерни, осум вработени на ШС „Малешево“ со две теренски возила со цистерни, 3 пожарникари од Берово со едно противпожарно возило, екипа на ДЗС со 7 вработени и едно теренско возило, како и противпожарни тимови од Австрија и од Бугарија.
Во 14:50 часот избувнал пожар на место викано Ладно Долче на еден километар на патот за село Страгово на висромнината Витачево во Општина Кавадарци, каде горела сува трева, во близина на дабова шума. До 16:00 часот пожарот е ставен под контрола, огнот е заобиколен и чади само во внатрешноста. Во гаснењето интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило и четворица вработени на ЈП „Национални шуми“ – ПО БОР – Кавадарци со едно противпожарно возило.