Активни пожари нема, изминатото деноноќие изгаснати 22 пожара

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека активни пожари во моментов нема, а изминатото деноноќие се изгаснати 22 пожара.

Шест пожари кои опфатиле ниска вегетација биле регистрирани во Општина Куманово кај селата Брзак, Ропалце, Ваксинце, Ропалце – Умин дол, Рамановце и Средорек, три пожари имало во Општина Гостивар – во населбата „Циглана“, како и во селата Чајле и Дебреше, а зафатиле ниска вегетација и сува трева, по два пожара имало во Град Скопје (Карпош) и Општина Новаци, додека по еден пожар е регистриран во општините Новаци, Ресен, Крушево, Прилеп, Дебар, Брвеница, Кичево, Штип и Пробиштип.

Според ЦУК, во Карпош пожари избувнале покрај улицата „Скупи“, како и кај новиот пат Сарај – Рашче, зафаќајќи сува трева, во Новаци пожари биле пријавени кај село Далбеговци каде горела сува трева и кон Рибарци во месноста „Ергела“ каде гореле стрништа, во општина Ресен пожари имало кај село Стење – Галичник, а зафатена била борова шума, во општина Крушево кај село Св. Митрани – гореле сува трева, отпад и капинки, во општина Прилеп пожари имало на улицата „Три Багреми“ со зафатена сува трева, во општина Дебар кај село Коњари каде исто така горела сува трева, во општина Брвеница кај село Теново, а зафатени биле нива со пченка и сува трева, во општина Кичево гореле стрниште и сува трева кај местото „Бели Воденици“ кај фабриката „Копачка“, во општина Штип кај село Мојанци и во општина Штип кон езерото Мантово горело стрниште, додека во општина Пробиштип пожар избувнал во селото Ратавица каде била запалена нива.

Би можело да ве интересира

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари – пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

Во пресрет на сезоната на пожари: 50 застарени возила на АРМ и МВР ќе се „маскираат“ во нови

ДЗС: Двајца пензионирани пилоти годинава ќе гаснат пожари со „Ер тракторите“

Шумски пожари избувнаа во три области на Измир

Масовни евакуации во Канада поради пожари: Повеќе од 17.000 луѓе ја напуштаат Манитоба

СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожари

А1он