Активисти на ВМРО-ДПМНЕ го претепале Мустафа Хилми поради поддршката за опозицијата

Од:

Движењето за Национално Единство на Еруците ги повикува членовите и симпатизерите да излезат масовно на гласање во недела и да ги поддржат кандидатите на Сојузот за иднината. Претседателот на партијата Ердоган Сарач укажува на владиниот притисок врз граѓаните и дека првиот круг минал под закани и уцени.

Дека така ќе биде и во недела покажува и насилничкиот напад на активистите на ВМРО-ДПМНЕ врз Мустафа Хилми од Карбинци кој се здоби со тешки телесни повреди и скршеници. Ова се случи пред угостителскиот објект „Сенатор“ во Штип. Химли кој се наоѓа во штипската болница вели дека бил повреден поради тоа што гласал за опозицијата. Му се заканиле дека ќе го иселат од Штип со цела фамилија, стои во соопштението на ДНЕТ.

Партијата апелира надлежните да го расчистат случајот и ги повикува сите турци во Македонија да не подлегнат на заканите и уцените и храбро и без страв да излезат на гласање. ДНЕТ укажува дека владиниот кабинет пред вториот круг ги злоупотребувал службените возила и народните пари.

Би можело да ве интересира

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он