Активен пожарот во непристапниот предел на село Пресница, липковско

Од:

Надлежните институции сè уште се на терен и го гасат пожарот кој гори веќе една недела во високите планински делови на општина Липково кај селото Пресница, информираа денеска одговорните. Зафатена е ниско-стеблеста и деградирана шума, но и дрвја. Екипа од кумановската подружница на „Национални Шуми“ и денеска е на терен.

– Сè уште чади и една екипа од седум вработени од утрово пак е на терен. Вчера беа триесетина лица кои се обидуваа да го ликвидираат пожарот, изјави раководителот на подружницата, Луан Бајрами.

Во еден дел, од северозападната страна пожарот е ликвидиран, но е активен во дел од кај селото Пресница.

Раководителот на РЦУК Куманово, Горан Стојановски, изјави дека пожарот се наоѓа на исклучително непристапен терен.

– Претходно свикавме координација и побарано е да ни бидат достапни сите расположливи материјално-технички средства и човечки ресурси, изјави Стојановски.

Командирот на територијалната противпожарна единица, Дејан Илиевски додаде дека нивни екипи постојано се на терен, меѓутоа противпожарните возилата поради стрмниот предел не можат да пристапат до местото на пожарот.

Изминативе денови пожарот го гасеше и хеликоптер на АРМ. Претходно и СВР Куманово информираше дека презема мерки за расчистување на пожарот во атарот на Пресница и апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни при палење огин на отворено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он