Активен пожарот над пехчевско Негрево

Од:

Пожарот над пехчевско Негрево се уште е активен. Гори густа борова шума, а во неговото гаснење се ангажирани 40 лица.

Директорот на ЈП „Македонски шуми“ – Подружница „Равна Река“ Борче Бојчевски, рече дека на терен се ангажирани за гаснење екипи од Подружницата од Пехчево, ТППЕ од Берово, екипи од од општината, од комуналното претпријатие.

– Станува збор за опасен пожар кој брзо се шири, бидејќи станува збор за густа борова шума и со помош на ветрот. Засега можеме да кажеме дека е зафатена површина над 15 хектари, рече Бојчевски.

Бојчевски се сомнева дека пожарот е подметнат и испраќа апел до граѓаните да бидат совесни и да не ја уништуваат иднината на идните генерации, бидејќи со пожарот не се уништува само дрваната маса во шумата, туку и сите нејзини многубројни општокорисни функции.

Пожарот над пехчевски Негрево е активен од вчера од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Ја турнал партнерката низ прозорец во Центарот за социјални работи

Горан Наумовски

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски