Актерката Стојановска да остане во куќен притвор, нејзиниот партнер во притвор, бара Обвинителството

Од:

Продолжување на куќниот притвор за Силвија Стојановска и притворот за нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ бара Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, потврдуваат оттаму за „А1он“. Според нив и натаму постојат сомежните дека двајцата можат да се дадат во бегство и да бидат недостапни за органите на правдата.

Предлогот е испратен до Кривичниот суд, а се чека одлука во текот на оваа недела, бидејќи мерката која моментално ја издржуваат истекува за четири дена. Стојановска и Будисавјевиќ се гонат за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суспстанции и прекурсори.

„Надлежниот обвинител кој постапува во предметот имајќи ја предвид интензивната истрага во која активно се прибираат докази, до Кривичнит суд – Скопје достави предлог за продолжување на веќе изречените мерки за обезбедување на присуство за двете осомничени лица“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Акцијата која заврши со апсење на актерката Стојановска и Будисавјевиќ за шверц на 700 килограми кокаин вреден 20 милини евра, почнала во јули годинава. Координирано работеле полициски единици од Македонија, Шпанија и Колумбија во координација со службата за борба против дрога на САД, ДЕА, објасни денес Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Актерката, нејзиниот сопруг Будисавјевиќ и неговиот брат В.Б., се дел од организирана криминална мрежа која договорила набавка на кокаин во Колумбија, го пренеле преку Атлантскиот океан во Шпанија, го сокриле во магацин во Мадрид и договориле негова продажба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лидер на групата за шверц на кокаин од Колумбија бил сопругот на актерката Стојановска, таа резервирала и платила хотел во Мадрид

Маја Илиевска-Пачемска

Институциите молчат за дрогата и улогата на актерката Стојановска во трговијата

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Актерката Стојановска на прашање дали тргувала со дрога: Боже, боже

Кристијан Ландов

Актерката Силвија Стојановска доби 30-дневен куќен притвор

Кристијан Ландов

Приведена позната македонска актерка во врска со заплена на дрога

Татјана Ташкова