Акредитирани 9.952 домашни и 550 набљудувачи за следење на утрешните избори

Од:

За следење на вториот круг од претседателските  избори и предвремените парламентарни избори закажани за утре, 27 април, се акредитирани 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи, како и 283 преведувачи.

Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) објавени вчера, НВО МОСТ акредитирала 2.413 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 5.090, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.321, ЦИВИЛ-Центар за слобода 113 , Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите – Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има  акредитирано  226 набљудувачи, ОБСЕ 103 набљудувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа 27, ЕУ – 27, амбасадите на САД – 37 набљудувачи, Шведска 13, Италија 12, Турција – 11 набљудувачи, Франција осум набљудувачи, Бугарија и Холандија по шест, Косово – пет, Словенија – четворица, Полска, Грција, Австрија, Шпанија, Германија, Словачка и Канцеларијата на НАТО по тројца набљудувачи, Хрватска, Кина, Црна Гора, Грузија и Руска Федерација по двајца набљудувачи, Швајцарија, Катар и Србија по еден набљудувач и Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ – 31 набљудувач.

За следење на утрешните избори акредитирани се триесет странски новинари.

Би можело да ве интересира

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски