Полициска акција во 272 локали и казина, приведени лица за дрога и оружје

Од:

Денеска во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција од сите сектори за внатрешни работи, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 272 локации. Во контролата беа опфатени и 18 казина на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово, известува МВР.

– За време на контролата, на територија на СВР Скопје, поточно на подрачјето на Чаир, е констатиран еден прекршок по чл.80 од Законот за оружје, при што кај Б.И.(31) од Косово е пронајден и одземен нож, а на подрачјето на Кисела Вода прекршок по Законот за странци, при што е приведен О.О.(32) од Република Турција поради непријавен престој во државата, велат од МВР.

– Притоа, од спроведената акциска контрола на подрачјето на СВР Велес од страна на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за службени кучиња, СВР Скопје и СВР Велес, како и инспекциски служби на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во угостителски објект во Велес констатирано е кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, при што лицето е лишено од слобода, прекршок по чл.21 од ЗППЈРМ поради присуство на малолетници во објектот, прекршок по Законот за оружје кај лице кое врши работа од областа на приватното обезбедување, а притоа не поседува лиценца и договор за работа (член 46 став 3 од Закон за приватно обезбедување), поради што и ова лице е приведено во полициска станица, соопштува МВР.

– Од страна на Управата за јавни приходи констатирано е дека објектот работи спротивно на Законот за регистрирање на готовина, а од страна на Државниот инспекторат за труд ќе бидат направени дополнителни проверки за утврдување на статусот на лица затекнати при извршување работа во објектот, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он