Тројца приведени при акциска контрола во угостителски објекти и казина

Од:

Полицијата ноќеска приведе три лица при акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава.

Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, биле пронајдени седум пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик.

Со контролата, како што посочија од МВР, беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата.

-За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров