Акциска контрола во Тетовско – откриени девет танчерки

Од:

Вкупно девет женски лица од кои три албански државјанки на возраст од 19, 24 и 27 години, шест македонски државјанки  биле откриени при акциската контрола што изминатата ноќ  од 2 до 3 часот била спроведена во угостителскиот објект „Ерди бос“ на регионалниот пат Желино-Сиричино, сопственост на Ј.Ф. (38) од Желино информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Како што информира девојките биле ангажирани како танчарки, а при контролата трите албански државјанки се обиделе да избегаат, но биле спречени во тоа по што биле приведени и задржани во СВР Тетово од каде се предадени за натамошна постпка на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Се  преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Контролата е дел од планираните акциски контроли за откривање и законско санкционирање на странски државјанки кои непријавено престојуваат или го злоупотребуваат престојот и работат на подрачјето, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он