Акциска контрола на угостителски објекти во Скопје и Струмица, затекнати малолетници, неиздавање фискални сметки…

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје, од Одделот за криминалистичка полиција и од Одделот за специјални полициски операции, во координација со тимови од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, по претходно изготвен план, вчеравечер извршија контроли на работењето на повеќе скопски угостителски објекти, извести МВР.

– При тоа, беа легитимирани 36 лица, од кои едно лице е приведено заради утврдување на идентитет, потоа беа проверени десетина возила при што едно возило е одземено за понатамошна постапка. Од страна на УЈП и ДПИ се изречени казни по однос на неиздавање фискални сметки како и мандатна казна по однос на непочитување на Законот за пушење, соопшти МВР.

Истовремено ваква активност беше реализирана и на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица каде што се детектирани повеќе неправилности во работењето. Така, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност, и по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции. Од страна на полициските службеници беа извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица, се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници