Акциска контрола на МВР во Прилеп, приведени четири лица

Од:

Во текот на изминатата вечер (25/26.7.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите четири лица се лишени од слобода, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана и против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21 до 4 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 16 возачи, од кои 13 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Би можело да ве интересира

За два дена полицајците напишаа 1.336 парични казни и 212 прекршоци

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Франција: Полицијата со водени топови растера активисти кои блокираа складиште со нафта

Полицијата најави пријавa за вчерашниот инцидент на седницата на Советот на Кочани

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат