Акцијата на „Водовод и канлизација“ за наплата на долгот без камата трае до 15 декември

Од:

Акцијата на „Водовод и канализација“ за исплата на долговите без камата за задоцнето плаќање завршува на 15 декември.

Од „Водовод и канализација“ ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг да ја искористат оваа можност.

– Имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, ЈП Водовод и канализација- Скопје повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот. Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на коронавирусот, се наведува во соопштението од јавното претпријатие.

Сите корисници кои доаѓаат во претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање почитувајќи определено растојание. При влез, задолжително е носење заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита.

Би можело да ве интересира

„Водовод и канализација“: Имаше варијација во водоснабдувањето поради прекини на струјата кај бунарите во Лепенец

Горан Наумовски

Пукна водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје беше без вода или со намален притисок

Горан Наумовски

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он